За Maktrick

Она што пред неколку години започна како место за забава на македонските корисници на Hattrick, а подоцна прерасна во проект за почит, за жал на многумина имаше неславен крај. Интервјуа, колумни, анкети, лекции, беа само дел од начините со коишто во тоа време Sulc-VOJVODA се обидуваше да ги анимира македонските корисници. Веројатно најнезаборавен беше таканаречениот „семакедонски собир“ организиран токму од негова страна. Собир за којшто сеуште се зборува и за којшто новите корисници со љубопитност прашуваат.

За жал, денес ни Sulc-VOJVODA не е повеќе дел од нашата заедница. Мојата желба и мисија ќе биде да се врати барем дел од култот за Maktrick помеѓу македонските корисници. На мала врата, без премногу помпезност, само со блог, со надеж дека ќе прерасни во нешто големо и значајно за нашата скромна заедница. Да се избориме за успехот, да се избориме за златниот медал :)


Уредник
ironm-DETISTE