07 August 2013

Си беше еднаш на Дивиот Запад

НАПОМЕНА: Статијата содржи експлицитно сексуално вознемирувачки содржини, кои не се препорачливи за лица помали од 18 години. Неопходен е надзор од родител/старател.
Лежам Љубанишча на плажа и се печам ко белвица во лимон на сонцено, го глеам сатов и си велам: „12 немат, 8 ќе ме фатит дур појдам дома, сигурно ќе се исколет денес на форумон”. Иако мислев дека ќе имаме уште една досадна ко мува на лајно сезона, сепак јубилејната 30-ка за нас ќе завршит релативно интересно, барем за тие ко мене.

Наместо трета среќа за македонскиве гејм мастери, испадна да ти била трета несреќа. Ај претходните двајца смртно настрадаа во борбата за македонскиот идентитет (не за друго, то е мејнстрим во Македонија... изминативе неколку века), но третиов испадна ко вонбрачно дете на Јохан во Македонија, па сеа сите го нејќет. Шо ќе му прајш, не е тој крив, не почна со него приказната.

Веројатно сме единствената држава на ХТ кај шо уредник е странски државјанин, поконкретно Србин, шо немат појма од македонски, ама еј - немат да напвам пак за то, не се плашите. Не е ни тој крив, така испаднало, бил во Охрид на одмор (а кој не бил?), па не можел да издржит и збучил еден тим. Шо ќе му прајш, дете, ај убеди го да почекат. Додека јас, како шо ми се обрати darkjesus на форум, дробев ко празна воденица за српскиот јазик и скокав ко прле пред магаре, Aleksandar го сфати то дека е нечија игра (пошо веројатно е феномен на балканов денешно време да мислиш со сопствен мозок), па ме нарече квазипатриот, а dadimo пак рече дека ете така во моментот ми светнало да ја покажам својата малодушност и своето малограѓанство. После то објаснав дека можда ќе се појавам утре со некој тим којшо под некоја чудна околност ќе станит тим на мој брачед од Бугарија?!?, и сеа батево било на одмор во Охрид, дознават за ХТ, прајт тим и ќе причат Бугарски на форум, ме сфаќаш? Ама тој е од 2004 и сите ја знајме ситуацијата! Е добро де, овај е од 2013 и шо? Брачедов сакат на Бугарски да причат, и шо сеа?

Шо кур да се замараш? Ни то не запали кај луѓево и испадна дека стварно сум скокал ко прле пред магаре, па го послушав dadimo којшо во сочуство со Aleksandar рече дека можда чоекот ќе се покаел шо отворил тим кај нас?!?, а ете ние важиме за гостопримлива и пријателска земја (кај шо стално ги плукаме нашите, а им ги лижиме на останатите). Така и јас се решив да преминам на страната на лижачите, бидејќи таму ме прифатија ко нормален, ме гледет со насмевка и уживам во секој момент од то, па ете сега си разменвиме постови на форум со Aleksandar, тој ми дават поддршка за блогов, се со цел да ја покажам својата граѓанска големина.

Туку доста за него, пред некое време добивме нов член во ХТ екипава, случајност или не (нека ве платат да размислите за да не испадните кретени со сопствено мислење, за без пари!!!) тој му е другар на Бушав, и стана еден од преведувачите. Е сеа, не дека се замарам за негоjот приватен живот, ама се прашвам со минималниов мозок шо го имам, колку реченици (зборој) да имат преведено чоеков во 3 сабајле? Или 5 сабајле? И то на три дена.

Ама глеам поубо, веќе имал време да напрајт втор тим (нели поради благодетот на платинумскиот супортер што му го поклони другар му), и која коинциденција, тимов му се викат Карл Маркс. И ај сеа? Ме влечит за јазик триста зборој да кажам, комунизам, диктатура (нели и то е мејнстрим кај нас), ова, она, ама си вељам, можда е у иностранство на арбајтен чоеков, таму можда нормално време е то за логирвење, шо знајш. Ама не е ни тој крив, глеам никој не се замарат, па си велам: Шо кур да се замараш?

И ти велам, муабетов ми беше за Бушав. Наводно наместил утакмица сиротиот. Ама види друже, не дека му е гајле на некого за утакмицата, туку сакет да го тргнет чоекот. Да ти кажам право и јас сакам, ми збогтиса веќе. Ама шо дека? Шо кур да се замараш? Чоекот имат развиено титанско, натприродно, божествено чувство за игнорирање на сите лица на форумон којшо тој на секои три дена го модерират. То ти е страшен судир на интереси. Уствари зависит од кај глеаш, ако глеаш од анусот можда не изглеат толку страшно, ама однапред богами... Тој немат намера сам да ја прекинит голготава, чунки знајт дека никој за ништо не се замарат, или како шо рекол Akademik: „shit happens, и ние мораме да се носиме со то”. Епа Бушав брату, со заедница каква шо можит само да се посакат, ти ветувам дека ние и понатаму ќе продолжиме искрено, храбро и достоинствено да ги јајме лајната и да ги лижиме мадињата, а ти продолжи да си бучиш во благодетите на бесплатниот платинумски супортер и ич не бери гајле.

Туку доста е и за него, ми се скрваја очиве, само не знам али од сонцево, али од нешо друго. Во меѓувреме квазипатриотот со магарешки мозок продолжвит малодушно и малограѓански да дробит ко празна воденица за да се напрајт првиот прирачник за Hattrick почетници на македонски јазик (сите заслуги за искрената работа и поддршка ги добиват minskj) којшо ќе им помогнит на сите оние корисници шо никогаш не успеале да се регистрирет, пошо Hattrick пропаднал.

Туку се заборајв на плажава, да си ги соберам пљачкиве и да бегам дур не ме имат стемнато. Со деца маштејнца не се сркат. Се читаме во наредна прилика.

Статијата нема за цел да повреди нечии чувства или интереси, туку да покажи дека лебот, маслото и нафтата поскапија, а платите останаа исти.

11 June 2013

Најава за Maktrick куп и Супер куп

Минатиот пат пишував за некои актуелни случувања и за нашата релативно пасивна заедница. Да бидам искрен оттогаш не се сменија многу работи, но кој и би можел да очекува во толку краток период нешто да се промени? Сепак, денес сакам и ќе пишувам за нешто друго. Првата работа е нешто што многу ме изненади откако го започнав проектов, а втората работа се некои новости кои ги спремаме за натамошниот дел од сезоната.

Она што им е на сите активни форумџии познато е дека на форум не пишуваат повеќе од 20-30 луѓе. Токму затоа кога го објавив блогот на форум, не очекував повеќе од 30тина посети. Но, наместо 30, уште првиот ден имаше преку 80 посети. Денес, после 2 недели откако започнав, блогот има преку 1.000 посети од коишто околу 400 се уникатни. Се разбира, за успешниот старт помогнаа и оние коишто несебично објавија линк до блогот, а моментално блогот го има и на страната од У20 репрезентацијата благодарение на нашиот селектор Stefanmkd.

Но, тие почетни бројки додека блогот беше објавен само на форум ги потврдија моите претпоставки дека бројот на оние коишто го читаат форумот е неколку пати поголем од оние коишто пишуваат. Не би сакал да ја барам и анализирам причината за тоа, бидејќи логично е да се претпостави дека бројот на оние коишто гледаат фудбал е многу поголем од оние коишто играат. Единствено можам да се надевам дека бројот на оние коишто пишуваат на форумот ќе се зголеми и повеќе луѓе ќе се одлучат за дружење и пријателства. Како и да е понатаму, сега барем го потврдив сомневањето дека не сме само 20 луѓе на форум, туку многу повеќе.

Втората работа како што веќе кажав се некои новости за натамошниот дел од сезоната, а тие се организирање на првото издание на купот Maktrick и за првпат во историјата на нашата заедница организирање на Супер куп. Подетални информации околу купот Maktrick ќе бидат објавени наскоро, а во продолжение се клучните датуми за купот:

  • 3 јули 2013 - краен рок за пријавување
  • 17 јули 2013 - ждрепка
  • 24 јули 2013 - 1 коло (групи)
  • 28 август 2013 - финале
Што се однесува за Супер купот, тоа најмногу ќе зависи од шампионите во првата лига и купот на Македонија (дали ќе се согласат), но се надевам на позитивен исход, организирање на истиот и воведување на една убава традиција. Датумот ќе биде дополнително објавен.

Ако имате какви било предлози, замерки, коментари, критики, оставете го вашето мислење во делот за коментари, или направете го тоа на темата Maktrick на HT, или на Facebook страната на Maktrick.

26 May 2013

На запад ништо ново, а богами и во Македонија

На прагот од јубилејната за нас 30-та сезона, Македонија се обидува да се разбуди од длабокиот зимски сон. Но, колку ќе биде успешна во тоа, треба допрва да видиме. Сеуште сме без пласман на светско првенство со сениорската репрезентација, а сме и 3 и пол години без пласман на првенство со младинската репрезентација. Старо-новиот селектор на сениорската репрезентација ветува пласман на светско, а кај младинците се припрема генерација за освојување медал. Но, која е веројатноста за овие работи да се остварат?

Додека ние секојдневно се расправме и не правиме ништо конструктивно, многу репрезентации (коишто се колку нас, а некои и помали по број на корисници) се изборија за својот пласман на некое од светските првенства. Саудиска Арабија, Велс, Албанија се само дел од малите заедници кои се пласираа кај сениорите, а Лихтенштајн, Малта, Нигерија и други се пласираа кај младинците. Што е тоа што тие го имаат, а ние го немаме? Заинтересирани корисници? Знаење? Искуство? Организација?

Во една своја колумна пред 2 и пол години, coldwar-GIGANT истакна дека поради погрешните политики на двојниот селектор во тоа време, многу корисници се откажале од играта, па токму затоа заедницата броела два пати помалку наместо повеќе корисници. Денес во улогата на обвинителот coldwar се други личности, а во улогата на двојниот селектор е друг обвинет пред судот на јавноста. Но, дали и колку може една личност да влијае врз бројот на корисници во една игра? Дали фактот што Харалампие Хаџиристески ја крадеше федерацијата 10 години наведе некого да не гледа повеќе фудбал? Дали фактот што Мирсад Јонуз губеше од аматерски репрезентации наведе некого да не гледа повеќе фудбал? Веројатно наведе многумина да се откажат од инволвираност во македонскиот фудбал, но никој од нив не престана да игра и гледа фудбал.

Да бидеме искрени, оние што се откажале од Hattrick се откажале бидејќи не им се допаѓала играта, а не затоа што некој му сметал на некого. Ако мене ми се допаѓа играта, ќе ја играм без разлика на тоа кој е селектор, кој е скаут, или кој напишал и што напишал на форум. Доволен доказ за тоа е големиот број на корисници кои ги имаат своите тимови уште пред 2008 година или порано и сешуте активно играат. Очигледно фактот што бројот на корисници паѓа на глобално ниво не значи ништо за одредени личности, па секогаш е најдобро вината да ја бараме во нашата заедница. Уште една можност за конфликт, во тоа сме најдобри. Дури и да постојат личности кои се откажале поради такви околности, не би биле повеќе од 10% од вкупниот број на откажани корисници.

Зарем во сите држави на Hattrick постојат такви личности коишто ги "бркаат" корисниците со своето однесување? Зарем Hattrick пропаѓа поради 100-тина корисници? Во 2009 година Hattirck броел преку 950.000 корисници, а Македонија броела околу 1.000. Денес Hattrick има околу 550.000 корисници, а Македонија 500.

Меѓусебното обвинување и политиканство на форумот доведе до голема омраза којашто не носи ништо добро. За момент некои корисници повремено се "дрзнуваат" да речат дека конечно е дојдено време за обединување. Обединувањето во Македонија било, е и ќе биде само сон на патриотите, ништо повеќе, ништо помалку. Па видете, дури ни Никола Карев и компанијата не успеаа да ја обединат Македонија, а што остана за нас? Дали Македонија ќе се врати на старите победнички патеки со младинската репрезентација и дали ќе успее истовремено да ја извади на таа патека и сениорската, останува само да чекаме и да видиме. Посекако ретко кој е заинтересиран да помогне.

Со овој прв напис го означувам рестартот на она што некогаш постоеше за забава и дружба, со надеж дека ќе донесе нешто добро и нешто свежо во нашата мала и заспана заедница. Овојпат наместо со забава, започнувам со коментар и прашања за дел од проблемите со кои секојдневно се соочуваме. Дијалогот е начин за да се надминат проблемите коишто ги имаме, но него на македонскиот форум одамна го нема. Hattrick продолжува да тоне, а очигледно и ние со него.