01 June 2013

Петар Галевски (GM-Busav): Ако притиснем некое копче на GM тастатурата може и да добием пак

Петар Галевски a.k.a. GM-Busav е актуелниот, трет по ред за македонската заедница GM на Hattrick. За Hattrick дознал од boban_mk-GIGANT којшто често спомнувал дека игра некоја игра на интернет и дека е многу добра, па и тој решил да ја проба и да види како изгледа тоа чудо. Кога не е на ХТ вели дека студира и волонтира - студент на постдипломски студии на Машинскиот факултет во Скопје, и истовремено волонтира во извесна компанија во Скопје.

Би сакал да ни кажеш кое е значењето на Busav и Zapad?
- Бушав е буквално Бушав (се смее), а Запад моментална инспирација кога го отварав тимот што покасно беше поврзано со дивиот запад (лого, дресови, фан клуб, арена).

Како се случи тоа тетовчанец да е Гигант? Или Гигант е само маркетинг, а длабоко во срцето си Војвода?
- Кога почнував да ја играм оваа игра, во гигантите членуваа најјаките тимови во Македонија, јас учев од нив и кога заслужив станав еден од нив (се смее). Т.е. бев Гигант до пред да станам GM, сега сум официјално лице на Hattrick и како таков не смеам да припаѓам на ниедна групација.

Што мислиш за можноста за втор тим? Забележав дека си направил втор тим во Србија којшто се вика Напредак - Исток. Зошто Србија и зошто исток?
- Па и да и не, да затоа што е убаво да се почне од почеток да се потсетиш како е да почнеш од почеток, да пробаш нешто ново, да си поставиш нови како би рекле во фирмата каде што волонтирам таргети. А не поради тоа што треба да се плати за таа опција, сепак немаат сите средства за да си купат супортер. Што се однесува до вториот дел од прашањето прво сакав да си отворам тим на Куба, но бидејќи сите места беа резервирани тоа не можев да го направам, па се одлучив за Србија и Печ (постои врска, но за тоа некој друг пат и во некоја друга прилика).

Се чини дека не изненади многумина со твојот резултат во купот. Но, дали ти очекуваше таков пласман на почетокот од сезоната? Какви беа твоите претпоставки?
- Па секогаш целта е да се биде најдобар нели. Моите очекувања како и секоја сезона беа што подалеку да стигнам во купот тоа подобро, повеќе пари, прошлата сезона ете се погоди јаките тимови да ги избегнам и да дојдам во финалето.

Да, најголемите конкуренти што ги исфрли од купот беа двајцата Кабадаи во последните две кола. За разлика од тебе dadimo исфрли двајца прволигаши (едниот стана шампион) и двајца второлигаши (едниот влезе во прва лига). Дали мислиш дека те послужи среќата во ждрепката?
- Па, и јас и dadimo имавме многу среќа во купот минатата сезона. Среќата беше дефинитивно на моја страна во четвртфиналето против Сан Антонио, полуфиналето беше готова работа бидејќи кабадајата играше MOTS претходно и немаше многу опции за тој натпревар. Да имав некој посериозен противник (прволигаш) тешко дека ќе успеев.

Како го спреми финалниот натпревар, дали побара совет од некого, кои беа твоите размислувања за составот на противникот?
- Набрзина (се смее). Стварно немав многу време, имав мала консултација со еден ХТ колега и бидејќи dadimo е дефанзивна екипа без јаки напади и многу опции се решив да нападнам со сите сили (иако ни моите напади не се нешто посебно).

Хаха. Според рејтинзите победи оправдано, но сепак како влијаеше на тебе голот во продолженија?
- Не ја гледав на ХТ live, бев во Скопје цел ден, само ми јавија дека сум тепал во продолженија, после видов што и како било, и можеби да не се повредел Проевски ќе паднел гол во регуларен дел од натпреварот.

Ја прослави титулата?
- Не :(

Хахаха. Минатиот пат кога беше дел од Masters испадна во 1во коло. Кои се твоите очекувања за овој пат? Се чувствуваш посилен? Имаш амбиции за нешто повеќе или ќе се фокусираш на опстанок во македонската лига и повторување на успехот во купот?
- За Masters немам амбиции, едно до две кола финансиски добро би дошле паре си са паре. Тимот ми е ист и тешко дека може посилен од ова да биде ако не се засилам, а паре немам. Што се однесува за лигата пласман во бараж и опстанок би било одлично, а за купот до кај стигнеме, стигнеме. Ако притиснем некое копче на ГМ тастатурата може и да добием пак (се смее).

Кои менаџери се твој репер, која е твојата ХТ филозофија?
- Прво морам да ги споменам учителите (да не се налутат) boban_mk-GIGANT, Sasa-GIGANT и done_mkd, Бобан и Доне ги надминав останува уште Саша. Од другите менаџери ќе ги споменам Giga (Србија), Urban Drugi (Црна Гора) и многу други чии натпревари сум следел и учел од нив. Мојата филозофија е само сурова сила (се смее).

Ти си нашиот трет GM и ќе си земам за право да речам на моменти најлошо прифатен во заедницата. Како стана GM без претходна позначајна активност во македонската заедница? Со кого контактираше за да ја добиеш "работата"?
- GM станав така што се јавив на конкурсот кој го објавија од ХТ и после околу месец и пол ме контактираа дека изборот паднал на мене. За тоа зашто јас ќе мора да ги прашаш тие што бирале, кои критериуми ги имале при изборот.

Како GM воопшто не се експонираш во јавноста, па токму затоа се создаде една слика дека си заинтересиран единствено за својот тим и нормално за едитирање постови на форум. Зошто е тоа така? Немаш желба за дружба, не ти се допаѓаат луѓето на форум, или можеби нешто трето?
- Едитирањето постови е во описот на задачата на Mod делот од мојата работа, се обидувам да бидам праведен и помалку да казнувам, можеби понекогаш грешам во проценката (ете ти знаеш, ја критикуваше мојата работа, бевме во мала преписка). Се трудам да поделам што помалку казни, а имало случаи каде што можело да дојде и до исклучување од играта, а не завршило така. Тука сум за да помогнам, но ситуацијата во нашата комуна е далеку од тоа да направиме нешто заеднички (нешто налик на политичката сцена во нашата државичка за жал).

Минатиот конкурс за Mod заврши неуспешно. Дали можеби после овој конкурс ќе го добиеме првиот Mod во Македонија?
- На тоа прашање не можам да одговорам во моментов за жал.

Се сеќавам дека беше кандидат за селектор на Македонија, но не успеа во намерата. Ќе се обидеш уште еднаш во блиска иднина?
- Тогаш не успеав, но бев блиску, во блиска иднина тешко, немам време за селекторски обврски сепак тоа бара време и работа.

Ако ти пријде некој за совет и имаш само неколку минути за да им го кажеш твојот најдобар совет, што би било тоа?
- Да има трпение, бидејќи за да се успее на Hattrick навистина е потребно трпение, многумина се откажуваат поради тоа што е навистина тешко да се постигне успех за кратко време.

Нешто што би сакал да додадеш за крај?
- За крај поздрав до сите менаџери во нашата комуна, би било одлично овој проект да успее, и дајте да се обединиме конечно и да направиме нешто за Македонија во ХТ (можеби Грујо ќе ни изгради споменик во Скопје).

Хаха, јас ти благодарам за одвоеното време за ова интервју. Ти посакувам многу успех во твојата Hattrick кариера и GM работата.

0 коментари:

Post a Comment