11 June 2013

Најава за Maktrick куп и Супер куп

Минатиот пат пишував за некои актуелни случувања и за нашата релативно пасивна заедница. Да бидам искрен оттогаш не се сменија многу работи, но кој и би можел да очекува во толку краток период нешто да се промени? Сепак, денес сакам и ќе пишувам за нешто друго. Првата работа е нешто што многу ме изненади откако го започнав проектов, а втората работа се некои новости кои ги спремаме за натамошниот дел од сезоната.

Она што им е на сите активни форумџии познато е дека на форум не пишуваат повеќе од 20-30 луѓе. Токму затоа кога го објавив блогот на форум, не очекував повеќе од 30тина посети. Но, наместо 30, уште првиот ден имаше преку 80 посети. Денес, после 2 недели откако започнав, блогот има преку 1.000 посети од коишто околу 400 се уникатни. Се разбира, за успешниот старт помогнаа и оние коишто несебично објавија линк до блогот, а моментално блогот го има и на страната од У20 репрезентацијата благодарение на нашиот селектор Stefanmkd.

Но, тие почетни бројки додека блогот беше објавен само на форум ги потврдија моите претпоставки дека бројот на оние коишто го читаат форумот е неколку пати поголем од оние коишто пишуваат. Не би сакал да ја барам и анализирам причината за тоа, бидејќи логично е да се претпостави дека бројот на оние коишто гледаат фудбал е многу поголем од оние коишто играат. Единствено можам да се надевам дека бројот на оние коишто пишуваат на форумот ќе се зголеми и повеќе луѓе ќе се одлучат за дружење и пријателства. Како и да е понатаму, сега барем го потврдив сомневањето дека не сме само 20 луѓе на форум, туку многу повеќе.

Втората работа како што веќе кажав се некои новости за натамошниот дел од сезоната, а тие се организирање на првото издание на купот Maktrick и за првпат во историјата на нашата заедница организирање на Супер куп. Подетални информации околу купот Maktrick ќе бидат објавени наскоро, а во продолжение се клучните датуми за купот:

  • 3 јули 2013 - краен рок за пријавување
  • 17 јули 2013 - ждрепка
  • 24 јули 2013 - 1 коло (групи)
  • 28 август 2013 - финале
Што се однесува за Супер купот, тоа најмногу ќе зависи од шампионите во првата лига и купот на Македонија (дали ќе се согласат), но се надевам на позитивен исход, организирање на истиот и воведување на една убава традиција. Датумот ќе биде дополнително објавен.

Ако имате какви било предлози, замерки, коментари, критики, оставете го вашето мислење во делот за коментари, или направете го тоа на темата Maktrick на HT, или на Facebook страната на Maktrick.

0 коментари:

Post a Comment